MKDNews.com

Писмо од Анонимна лекарка: Има неправилности со Конкурсот за вработување на доктори ширум земјава.

јули 24
18:49 2012

doctor.anonimenДо редакцијата на MKDNEWS.COM пристигна писмо потпишано од „Анонимна лекарка“, каде се критикува здравството поради неправилности кои се случуваат со Конкурсот за вработување на доктори. Анонимна лекарка нииспрати и списоци кои ви ги претставуваме во целост, Во продолжение писмото ви го претставуваме во целост:

Почитувани!

Се одлучив да Ви пишам поради сите неправилности кои се случуваат со Конкурсот за вработување на доктори низ сите јавни здравствени установи ширум земјава.
За сето ова треба да знае целата јавност бидејќи е направена неправда и кон докторите кои го полагаа стручниот испит и беа рангирани по најстроги критериуми досега по јавна одлука на Министерството за Здравство но и кон македонските граѓани кои сеуште здравствените услуги ги користат во овие јавни здравствени установи.

Покрај секојдневните појавувања на телевизиите и одлучните изјави на Министерот за Здравство дека секаде, – цитирам: “Минимум првите двајца или тројца од ранг листите ќе бидат вработени”,рече Министерот Тодоров во повеќе медиуми но за жал тој како Министер не успеа да си стои на зборот и сето тоа да го реализира.

Па затоа сакам да го прашам г-нот Никола Тодоров јавно преку Вас како медиум: Зошто толку јавно и гласно се боревте дека ќе ги вработите најдобрите доктори, оние кои најдобро го поминаа според Вас “претешкиот” тест кој го составуваа тројца македонски и двајца странски професори, зошто не ги вработувате лекарите кои највисоко котираат на ранг листите(пример првите тројца во ЈЗУ Општа болница “Борка Талески” во Прилеп каде за три рабони места вработени се 4, 5 и 8 на ранг листата или во Битолската Клиничка Болница каде вработени се 14,18,19,20,28 и 33 кандидат на ранг листата???

Дали за сето ова пресудно беше интервјуто во кое кој како се претставил пред Директорите на болниците??? Па добро дали нас не бираат за лекари или спикери??? За оваа сензитивна и најодговорна професија најдобрите се изјаснија со своето стручно знаење и квалитет и највисоко се рангираа на јавните ранг листи.
Но како и да е најжалосно е што тие наши најдобри лекари веќе се спремаат да ја напуштат нашата Македонија и да заминат во другите европски држави каде ќе се цени нивниот квалитет и знаење. Веќе огромен дел од лекарската фела ја напушти Република Македонија, а на ова ниеден медиум не обрна особено внимание!!!

Затоа Ве молам Вас како медиум да се потрудите да ја објавите оваа вистина за да види народот што се случува со лекарската фела и како истата е деградирана. Покрај тоа јавно да го повикате Министерот за Здравство г-нот Никола Тодоров да објасни како и по кој критериум се ОДБИЕНИ во конкурсот за вработување најдобрите лекари во Република Македонија и на нивното заслужено место вработени се пониско рангираните.
Па зошто тогаш воопшто имаше тестирања ако вработувањата пак се партиски преку општински комитети???

Во прилог ќе Ви бидат доставени конечните ранг листи од конкурсот за вработување од ЈЗУ Општа болница “Борка Талески” Прилеп и Клинчката болница во Битола.

Се надевам дека некако ке ми помогнете за да ја објавам оваа неправда!!!
Со почит,
Анонимна лекарка

bt-doc-1

bt-doc2

bt-doc3

bitola-bolnica-spisok

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести