MKDNews.com

Иванов: Македонија е подготвена за решение, но без навлегување во други прашања

јули 24
17:09 2012

ivanov-namic-joleski-vila

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов попладнево во Охрид на средба со посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц ја потврди македонската државна позиција и силна посветеност за изнаоѓање заеднички прифатливо решение за разликата околу името, во рамки на воспоставениот формат, под покровителство на Обединетите нации, јави МИА.

– Подготвени сме веднаш, неодложно, да седнеме на маса, да бараме и да најдеме решение. До решение е можно да се дојде. Очекувам од вас да апелирате кај другата страна да се придржува исклучиво до рамката во која се водат разговорите и да не навлегува во други прашања, како што се јазикот и идентитетот, истакна македонскиот претседател пред медијаторот Нимиц, додавајќи дека тоа се основните предуслови за изнаоѓање решение во кое нема да има победници и поразени.
Како што информира Кабинетот на Претседателот, шефот на државата нагласи дека Република Македонија останува конструктивна во процесот, подготвена за средби на највисоко ниво, за разгледување на нови иницијативи и интензивирање на дијалогот. Но истовремено, Република Македонија инсистира на целосно почитување на Времената спогодба и на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, и во таа насока очекува поддршка и од медијаторот Нимиц, со цел доследност кон меѓународно преземените обврски и прифатените договорни рамки, што е од пресудно значање. Притоа, претседателот Иванов му пренесе на медијаторот Нимиц дека досега неколкупати го има покането Папуљас на средба, но дека нема одговор од грчкиот претседател.
– Очекуваме грчката страна во духот на добрососедството да покаже флексибилност и добра волја со цел создавање позитивна атмосфера, придвижување на процесот и надминување на разликата околу името, прашање кое сами го наметнаа, а чие разрешување е во интерес на двете држави и на двата народа, посочи претседателот Иванов. Тој му се заблагодари на посредникот Нимиц за досегашниот ангажман и посветеноста на Обединетите нации на ова прашање.
Нивната средба претходи на официјалната посета на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун кој вечерва ќе допатува во Охрид и ќе има средба со претседателот Ѓорге Иванов.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести