MKDNews.com

Грчка атлетичарка исклучена од Олимпијадата поради статус на Твитер

јули 25
15:18 2012

Невкусна шега објавена на Твитер резултираше со исклучување од делегацијата за Олимпијадата во Лондон. Грчката атлетичарка која требаше да се натпреварува во дисциплината троскок Вула Папахристу, вчера на нејзиниот Твитер профил напиша:

„Со толку Африканци во Грција, барем комарците со Западен Нил, ќе јадат домашна храна“. Овој твит, сега ја чини настап во Лондон. Членот на грчкиот олимписки комитет и предводникот на грчката делегација во Лондон Исидорос Кувелос, говорејќи за радиото Скај, потврди дека Олимпискиот комитет донел одлука, атлетичарката да биде исклучена и да не патува за Англија.

Невкусната шега предизвика бура реакции во Грција, како од медиумите и корисниците на социјалните мрежи, така и од владиниот коалиционен партнер, Демократската левица, кои преку соопштение побараа Папахристу да биде исклучена од грчката делегација, поради расистички изјави.

Од радиото Спор-фм, контактирале со атлетичарката, која била изненадена од големиот број реакции.

„Не можам да се пошегувам? Не сакав да предизвикам омраза. Го видов на фејсбук, се смеев и затоа го објавив. Од каде да знам дека ќе ме наречат расист и дека ќе се случи ова. Како може да сум расист кога имам тренер од Бугарија?!?“– рекла Ппапахристу за спортското радио.

По реакциите, таа им се извини на фановите, преку Твитер, велејќи дека нема поврзаност со политиката, дека е спортистка и не сака да провоцира

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести

Време